Помилуваниот шеф на нарко-кланот Барон јавно ѝ се заблагодари на Сиљановска: Горд сум што сте наша претседателка

Акиф Јусуфи кој вчера бепе помилуван од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Сиљановска. Водачот на кланот „Барон“на социјалните мрежи сподели фотографија од Сиљановска Давкова и напиша:

„Почитувана, бескрајна благодарност до Вас! Се гордеам што токму Вие сте нашата прва дама на Републиката!“

Претседателката  Гордана Сиљановска – Давкова на 21 октомври 2024 година, донела одлука за помилување на 10 осудени лица.

Извршувањето на изречената казна им се заменува со условна осуда за време од 3 години, на осудените лица: Акиф Равмановски од с. Арачиново, во траење од 1 година и 3 месеци; Никола Трпчески од Охрид, во траење од 1 година и Шенол Маслани од Арачиново, во траење од 6 месеци.

Акиф Рвамановски е всушност член на наркокланот „Барон“, а Шенол Маслани е брат на познатиот Шенки, кој од глава до пети бил облечен во „версаче“. Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога.

Со истата одлука за помилување, делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица:  Мухарем Али од Скопје, во траење од 2 месеца; Тодор Попов од с. Миравци во траење од 3 месеци; Томислав Симеонов, од Скопје, во траење од 3 месеци; Перо Кузмановски од Градско, во траење од 3 месеци; Живко Делиџаков  од с. Богородица, во траење од 3 месеци; Владимир Талески од Битола (поранешен градоначалник на Битола), во траење од 1 година; и Марјан Ефремов од Скопје, во траење од 3 месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи: