Поминаа 17 години откако новинар фрли чевла кон Џорџ Буш во Ирак: Мислеше дека ќе умре (видео)

Ирачкиот новинар Мунтадар ал-Заиди фрли чевла кон поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, на прес-конференција во Багдад пред 17 години.

Во моментот кога ја фрли чевлата кон Буш, тој извика:

„Ова е од вдовиците, сираците и убиените во Ирак. Ова е бакнеж за збогум од ирачкиот народ, куче!“

Пред прес-конференцијата, Буш одржа состанок со ирачкиот премиер Нури ал-Малики за да се договорат условите за повлекување на странските трупи. Пет години пред тоа, Американците го соборија Садам Хусеин од власт со воена интервенција.

Ал-Заиди години подоцна рече дека очекува да умре по она што го сторил.

„Прво на сите, сето ова беше испланирано однапред. Се придржував до арапските традиции и етика да не забодам никого во грб. Затоа се соочив со него лице в лице“, истакна тој.

Тој тврди дека обезбедувањето го мачело двапати откако го извеле од прес-конференцијата.

Неколку месеци подоцна, во пролетта 2009 година, тој беше осуден на три години затвор, но беше ослободен по девет месеци.

Ал-Заиди доби широка поддршка од целиот свет по овој потег. Саудиски бизнисмен понуди 10 милиони долари за чевлите, но Американците на крајот ги уништија.

Ал-Заиди добил понуди за азил од многу земји по инцидентот, но решил да оди во Либан. Од Либан, подоцна се преселил во Швајцарија, каде што продолжил да живее подалеку од очите на јавноста.
The post Поминаа 17 години откако новинар фрли чевла кон Џорџ Буш во Ирак: Мислеше дека ќе умре (видео) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: