недела, 29 ноември 2026
Вонредно

Поминаа 3 години по трагедиите, а таа како да остарела 30: Новиот изглед на славната пејачка ги шокираше фановите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката Селин Дион во последно време многу се променила. Од вита, насмеана жена полна со ентузијазам и енергија, се претворила во ексцентрична и слаба дама.
Прво ја уништила смртта на сопругот Рене Анжелил, кој починал во јануари 2016 година, а потоа го изгубила и постариот брат. Двајцата најважни мажи во својот живот ги изгубила во борбата со ракот, а Селин останала да се бори со тагата која практично ја изела, како емоционално, така и физички.
Поминаа три години од смртта на нејзините најблиски, а таа како да остарела 30.


Во борба со големата болка, Селин почнала да донесува неочекувани одлуки, а една од нив била целосната промена на стилот на облекување, кој, според многумина, воопшто не и’ прилега.
Другата промена што ја шокира јавноста е драстичното губење килограми.
Многумина се запрашале зошто пејачката со раскошен глас ослабела толку, а на сите приказни таа имала само еден одговор.
Дион изјавила дека неодамна тргнала на часови по балет и дека токму тоа е тајната на нејзиното губење килограми и исклучително тенка фигура.

Поврзани вести