“ПОМИНУВАМЕ ЧАСОВИ И ЧАСОВИ ВО СПАЛНАТА СОБА!“ – Хајди Клум ја откри тајната за добра интимна врска: Еве што најмногу ја “пали“ познатата манекенка

Познатата манекенка Хајди Клум е без влакна на јазикот. Позната по своите необични и смели модни изданија, таа често споделува работи од нејзиниот приватен живот, дури и кога се во прашање интимните врски.

Неодамна таа, како гостинка во подкастот „Call Her Daddy“, отворено зборуваше за типот на маж што го претпочита, коментирајќи го и нејзиниот поранешен и сегашен сопруг. Хајди Клум го нарече својот поранешен сопруг кој е италијански бизнисмен, „многу стар“. Возрасната разлика меѓу двајцата е 14 години, додека сегашниот сопруг е помлад од неа.

„Погледнете го моето минато. Јас немам тип на мажи. Сум била со ќелав, навистина стар човек, а сега сум со момче со долга коса, слаб. Нивните личности исто така се многу, многу различни. На крајот на денот, сакате некој со кого вие е убаво“, објасни Хајди Клум.

Хајди Клум и Том Каулика

Потоа таа се осврна на нејзиниот интимен живот со нејзиниот сегашен партнер Том Каулика. Хајди Клум открива дека поминуваат часови и часови во спалната соба. И се чини дека тоа е еден од успесите на нивната врска. Таа вели дека добива желба за секс секогаш кога ќе го погледне својот сопруг. Хајди Клум открила и дека најлудите места каде што водела љубов се приватен авион и во море. Познатата Германка сподели дека таа и нејзиниот сопруг користат играчки за возрасни во спалната соба.

„Па зошто да не ? Освен тоа, ако водите љубов многу, многу часови во исто време, мора да се случува нешто повеќе. Мислам дека е полесно за жената отколку за мажот, бидејќи прашањето е дали мажот е толку издржлив. Мажите обично се оние кои навистина не можат да издржат. Но, мојот сопруг може“, открива таа, а потоа додаде дека пробала многу различни „колбаси“ во животот.

„Во животот пробав многу различни колбаси. Но завршив со германски. Германски колбаси, што да кажам ?“, заклучила таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: