Помпео: Иран крие клучни информации за ширењето на коронавирусот во земјата

САД се длабоко загрижени од извештаите дека режимот во Иран можеби крие клучни детали за избувнатиот коронавирус во земјата, изјави синоќа државниот секретар Мајк Помпео.
Тој ја критикуваше и Кина поради цензурата на медиумите и медицинските експерти.
-Сите земји, вклучувајќи го и Иран треба да ја кажуваат вистината за коронавирусот и да соработуваат со меѓународните организации за помош, изјави тој на брифинг за новинарите во Вашингтон.
Цензурата може да има смртоносни последици. Информациите што доаѓаат од Кина се во критичен миг, изјави тој, додавајќи дека е важно да се добијат точни информации

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.