Времето денес е сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено време. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет кои ќе бидат поизразени на повисоките места и на планините, јави УХМР.
Потоа во следните денови ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.
Максималната температура ќе достигне од минус 4 до 3 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде околу 1 степен.
УХМР јави дека висината на снежната покривика е најголема во Маврови Анови каде што изнесува 81 сантиметар.
„Снежната покривика во 7 часот изразена во сантиметри, највисока е во Маврови Анови
81, потоа 45 во Пожаране, 44 Дебар и Лазарополе, 39 во Крушево, Попова Шапка 38 Тетово, 31 Охрид, 32 Тополчани, 30 Битола, 27 Ѓуриште, 20 Претор, 13 Прилеп, 12 Скопје-Зајчев рид, 10 во Штип и Куманово, 9 Струмица и Берово, 8 во Крива Паланка и Демир Капија, 6 во Скопје Петровец и Гевгелија“, соопшти УХМР.