Сума од 100.000 долари и била понудена на популарната фолк пејачка Сузана Гавазова од страна на Македонец од Мелбурн, кој долги години живеел и работел во Австралија.
Гавазова ќе го добиела доколку се согласила со условите за едномесечна турнеја.
-Се работи за хонорар од 100.000 долари, за одржување на едномесечна турнеја во Австралија. Нашиот бизнисмен ја понуди оваа сума за реализирање на 12 концерти ширум Австралија, плус во казина во Мелбурн, Сиднеј и Перт.
Гавазова е една од најангажираните фолк пејачки во земјава. Ја започна музичката кариера пред повеќе од 20 години и во времето на најголемата популарност се омажи за Босанецот Јасмин, кого го запознала за време на своја турнеја во Шведска. Во Шведска се родија и нивните две ќерки, а потоа, пред околу пет години, целото семејство се врати во Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.