среда, 25 ноември 2026
Најново

Поплавени улици, отежнат сообраќајот од силно невреме во Црна Гора

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обилните врнежи од дожд кој од вчера паѓа низ цела Црна Гора, предизвика неволји за мештаните во бројни населби и градови. Градот Тиват на црногорското приморје го зафати големо невреме, а сообраќајот се одвива во отежнати услови заради поплавените улиците во градот.
Од полноќ наврнале 85 литри по метар квадратен, а ветерот соборил стебла на повеќе места.
Патот Тиват-Будва е затворен поради невремето за сите видови возила. Службата за заштита соопшти дека досега не добила повици за помош.
Екипите од Службата за заштита и спасување, Комунално станбено претприемништво и Чистота се на терен и помагаат при санирање на последиците од невремето.

Поврзани вести