петок, 20 ноември 2026
Најново

Поплави во Шпанија- предупредувања за граѓаните да останат дома

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија, денеска ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области издадоа предупредувања за граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите патувања кои не се неопходни.Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија на југот, каде воз излета од шините поради силниот дожд, но никој не беше повреден.АЕМЕТ предупредува дека најтешко ќе биде погодена Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа.

Поврзани вести