Поплави на северозападот на Италија

Поплави во повеќе области на северозападот на Италија предизвика силното невреме, проследено со поројни дождови.
Врнежите во последните 24 часа поплавија големи површини во централниот дел на Милано, а локалните власти предупредија дека би можело да дојде до излевање на реката Севесо.
Повеќето патишта се затворени за сообраќај поради поплави или откорнати дрвја.
Невремето ја зафати и Џенова со брзина на ветрот од околу 120 километри на час.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: