Попладне дожд, грмежи и ветер

Времето денеска променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ индексот 6, информираат од УХМР.
Во Скопје претпладне посончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд. Попладне ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени.
Понестабилно време се очекува во вторник и среда, кога и дневните температури ќе бидат пониски.
Од УХМР велат дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.