Попладне ќе врне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд, информираше УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура.
Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Во петок кон крајот на денот и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.