Се стеснува мнозинството во советот на град Скопје. Ирена Попова ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Од денеска во градското собрание ќе работи како независен советник. Како причина за тоа истакна дека била мета на закани и притисоци.
Нејзината прес-конференција ви ја пренесуваме во целост:
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова на денешната прес-конференција најави дека ќе делува како
Почитувани медиуми, почитувана јавност
Отсекогаш сум верувала дека активното учество во политиката е вистинскиот начин да се придонесе кон подобро општество, подобра држава, подобар град.
Ова што се случува во изминатиот период е спротивно на сите постулати во кои сум верувала. Јас одбивам да бидам дел од политичка групација која има единствена цел да наштети на скопјани. Одбивам да се идентификувам со луѓе кои наместо конструктивност, одбираат деструктивност и блокада.
Одбивам, да бидам дел од организација која нема капацитет да прифати различно мислење. Ниските страсти, малограѓанштината и шовинизмот не се постулати врз кои се гради политика и здраво општество.
Одбивам да бидам дел од организација која се служи со закани, навреди, нарачани хајки, хистерија и лични дискриминации против оние кои имаат различни ставови од своите. Последниве неколку дена и јас сум жртва на ваквото однесување. Трпам закани, лични дисквалификации и организирана хајка на социјалните мрежи која се води од седиштето на мојата матична партија.
Се срамам од она во што прерасна ВМРО-ДПМНЕ. Партија во која царува деспотизмот.
Јас продолжувам да функционирам во Советот на град Скопје како независен советник. Сум ја поддржала програмата „За модерно Скопје“ и ќе продолжам и во иднина. Но, не само декларативно и лицемерно туку со вистински проекти и низ демократска процедура. Блокадите и деструктивноста ги оставам на моите колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, вели Попова.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.