Актуелната состојба во Република Македонија и последните случувања на внатрешно-политички план, беа во фокусот на разговорите меѓу шефот на македонската дипломатија Никола Попоски со Валтер Колбо, претседателот на Германско-македонското друштво од Берлин.
На средбата заеднички беше нагласена важноста од одржувањето на позитивен моментум на соработка помеѓу сите релевантни фактори во земјата и демонстрирањето на зрелост на политичките институции, што е од исклучително значење за напредокот во евроинтеграциите на Република Македонија.
Од своја страна, министерот Попоски информираше за ангажманите на Република Македонија во надминувањето на сите политички предизвици на земјатa, при што само со дијалог и градење на конструктивна политичка клима ќе се создадат поволни моменти во нашиот евроатлански интегративен процес, што претставува стратешки приоритет за нашата држава. Тој притоа изрази надеж за позасилена поддршка на Сојузна Република Германија за нашето членство во ЕУ и во НАТО.
На средбата заеднички беше нагласена и важноста од постоењето и делувањето на Германско-македонското друштво чија цел е иницирање и унапредување на политичките, економските, културните и спортски врски меѓу граѓаните од двете земји.
Макфакс
Актуелната состојба во Република Македонија и последните случувања на внатрешно-политички план