понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Поправени финските телекомуникациски кабли во Балтичкото Море

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Финската Елиса објави дека ја завршила поправката на двата подводни телекомуникациски кабли кои беа оштетени на 25 декември во Балтичкото Море.На 26 декември, Финска го заплени танкерот Eagle S што превезуваше руска нафта поради сомневање дека го оштетил подводниот кабел за напојување „Естлинк 2“ меѓу Естонија и Финска и четирите телекомуникациски кабли на Божиќ со влечење сидро на морското дно.„Двата кабли на Елиса сега се поправени“, изјави портпаролот на финската телекомуникациска групација, додавајќи дека и двете линии биле прекинати.Eagle S беше донесен во заливот во близина на финското пристаниште Порво, каде што полицијата моментално собира докази и го испрашува екипажот.Поправките на кабелот за напојување „Естлинк 2“, кој беше оштетен заедно со телекомуникациските кабли, се очекува да траат околу седум месеци, соопштија операторите „Фингрид“ од Финска и „Елеринг“ од Естонија.

Поврзани вести