Механичар во Германија, за време на тест возење, успеал да урне еден од само 1.400 примероци на легендарниот Mercedes 300 SL. Поправка ќе чини околу 650.000 евра.
Сопственикот на Mercedes 300 SL кој неговиот скапоцен миленик го однел на редовен сервис, не очекувал и реализација на “Crush тест” на јавната сообраќајница. Ваков автомобил не се носи на локален занаетчија, туку во специјализирани компании кои се занимаваат со одржување на скапи олдтајмери.
Поради несоодветната брзина за време на тест возењето, возачот изгубил контрола на Mercedes олдтајмерот, слетал од патот и се превртел. За среќа, поминал без повреди.
Сепак, се проценува дека поправката на овој автомобил ќе чини околу 650.000 евра. Иако сопственикот на компанијата и Мехатроника се осигурани во случај на ваква ситуација, се уште не е одлучено дали механичарот ќе треба да го отплати сервисот за поправка.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Механичар во Германија, за време на тест возење, успеал да урне еден од само 1.400 примероци на легендарниот Mercedes