Популарниот засладувач е отров за телото: Го зголемува ризикот од мозочен удар – бидете внимателни

Еритритолот е популарен засладувач кој многумина го сметаат за безбедна алтернатива на шеќерот, а може да има неочекувани последици за здравјето на мозокот и срцето.

Еритритолот, засладувач што се наоѓа во сè, од протеински плочки до енергетски пијалоци, долго време се смета за безбедна и безопасна замена за шеќер.

Се здоби со репутација како идеално решение за оние кои сакаат да го намалат внесот на калории. Сепак, новите научни откритија покажуваат дека овој сеприсутен засладувач би можел тивко да ја наруши една од најважните одбранбени линии на телото, со потенцијално сериозни последици за здравјето на срцето и зголемен ризик од мозочен удар, објавува Science Alert .

Студија спроведена на Универзитетот во Колорадо откри дека еритритолот може директно да ги оштети клетките на крвно-мозочната бариера, клучен систем кој го штити мозокот од штетни супстанции во крвотокот, а воедно овозможува поминување на есенцијалните хранливи материи.

Научниците ги изложиле клетките на оваа бариера во лабораторија на концентрации на еритритол кои обично се наоѓаат во крвта по консумирање само еден безалкохолен пијалок засладен со ова соединение. Резултатот бил загрижувачка верижна реакција на оштетување што може да го направи мозокот значително поранлив на формирање на згрутчувања на крвта, водечка причина за исхемичен мозочен удар.

Влијае на здравјето на крвните садови

Истражувањата покажаа дека еритритолот делува на неколку штетни нивоа. Прво, тој предизвикува оксидативен стрес, преплавувајќи ги клетките со високо реактивни молекули познати како слободни радикали, а во исто време ги ослабува природните антиоксидантни одбранбени механизми на телото. Овој двоен ефект ја нарушува нормалната функција на клетките, а во некои случаи може да доведе до нивна смрт.

Загрижувачки е ефектот на еритритолот врз способноста на крвните садови да го регулираат протокот на крв. Здравите крвни садови динамички се шират и стеснуваат според потребите на органот, одржувајќи ја рамнотежата со помош на две клучни молекули – азотен оксид, кој ја поттикнува релаксацијата на крвните садови, и ендотелин-1, кој предизвикува нивно стеснување.

Жената го зашеќерува кафето.

Една студија покажа дека еритритолот го нарушува овој систем. Тој го намалува производството на азотен оксид и во исто време го зголемува нивото на ендотелин-1. Резултатот е многу стеснети крвни садови, што може да го ограничи протокот на кислород и хранливи материи до мозокот.

Истражувањата, исто така, покажуваат дека еритритолот ја нарушува природната одбрана на телото од формирање на згрутчувања на крвта. Клетките ослободуваат активатор на ткивен плазминоген (t-PA), протеин кој ги разградува згрутчувањата на крвта пред тие да можат да предизвикаат штета. Резултатите покажуваат дека еритритолот се меша во овој клучен заштитен механизам.

Бидете внимателни со употребата на засладувачи

Резултатите од лабораторијата потврдуваат загрижувачки тренд веќе забележан во големите студии врз луѓе. Студија на илјадници испитаници покажа дека луѓето со покачени нивоа на еритритол во крвта имале речиси двојно поголем ризик од срцев удар или други сериозни кардиоваскуларни настани.

И покрај загриженоста, еритритолот сè уште ужива посебен статус меѓу засладувачите. Технички, тоа е шеќерен алкохол, природно соединение кое се наоѓа во овошјето и кое телото го произведува само во мали количини.

Производителите го претпочитаат бидејќи е многу сличен на шеќерот – обезбедува приближно 80 проценти од својата сладост без премногу интензивен вкус, што го прави лесен за употреба во рецепти. Регулаторните агенции, вклучувајќи ја и Европската агенција за безбедност на храната, го одобрија еритритолот како безбеден за консумирање.

мозочен удар

Иако научниците предупредуваат дека истражувањето е спроведено на изолирани клетки, а не на вистински луѓе, резултатите сè уште покренуваат сериозни прашања. Засладувачите како еритритол можат да помогнат во контролата на телесната тежина, но ако нивната редовна употреба потенцијално ја оштетува крвно-мозочната бариера, тоа би можело да има значителни здравствени последици.

Експертите истакнуваат дека сè додека не се разјаснат сите потенцијални ефекти, препорачливо е да се пристапи кон овој навидум безопасен засладувач со претпазливост.
The post Популарниот засладувач е отров за телото: Го зголемува ризикот од мозочен удар – бидете внимателни appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: