Поради болки Марко се откажа од маратонот во Охридско, но испрати силна порака

Малиот Марко Пејчиновски не успеа во обидот да исплива 64 километри. По 4 часа и 49 минути и минати 11 километри и 840 метри, тој поради болки во ногата беше принуден да се откаже од намерата да го преплива целото Охридско Езеро.


Но, независно откажувањето, самата негова намера да плива за подигнување на јавната свест и поголема грижа за лицата со ретки болести е демонстрација на решителност и борбеност како карактеристики за големи луѓе каков што е малиот Марко.

Минатата година Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид и стана најмладиот пливач во историјата кој успеал да направи таков подвиг. Неговиот подвиг е дотолку поголем што Марко има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.