Од 18:10 часот вечерва поради снежни врнежи е во прекин патниот правец Берово-Виница за патнички и за тешки товарни возила, информираат од Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Се препорачува намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.
Поради обилните врнежи од снег од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила, а забрана за сообраќај на камиони беше воведена и на планинските премини Стража и Плетвар.
По целосната блокада на сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка поради сообраќајка кај село Псача, од 17 часот патот е пуштен наизменично за сообраќај.