Поради големиот интерес, Националната опера и балет со втора изведба на „ПАЛЈАЧИ“ од Руџеро Леонкавало

Поради големиот интерес, Националната опера и балет ви најавува втора изведба на операта
„ПАЛЈАЧИ“ од Руџеро Леонкавало.
Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе репризно на
сцената на Националната опера и балет на 5 октомври 2021, со почеток во 20.00 ч. под
диригентската палка на Бисера Чадловска, а во режија на Дејан Прошев.
Оваа претстава, Националната опера и балет му ја посветува на маестро Фимчо Муратовски,
честитајќи му го јубилејниот 90-ти роденден и посакувајќи уште долго, со своето будно следење
на приликите, да биде нејзина подршка. Во својата долгогодишна уметничка кариера, проф.
Муратовски диригирал 850 оперски и балетски претстави, од кои дел ги поставил и како
премиери и праизведби, оставајќи при тоа, голем траг во развојот на културата и уметноста.
Сценограф: Илина Ангеловска
Костимограф: Никола Булески
Кореограф: Олга Панго
Асс.диригент: Катерина Стојковска
Асс.режисер: Трајко Јордановски
Концерт-мајстор: Jане Бакевски
Хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска
Светло дизајн: Милчо Александров
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов
Настапуваат:
Канио / Палјачо: Ѓорѓи Цуцковски
Неда / Коломбина: Дешира Ахмети – Крлиу
Тонио / Тадео: Борис Трајанов
Пепе / Арлекин: Дејан Стоев
Силвио: Ристе Велков
Балет: Ендру Кук ( Англија ), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.