Поради дрон нема полетувања од аеродромот Хитроу

Авионите од аеродромот Хитроу во Лондон не полетуваат откако во близина на аеродромот е забележан дрон.
Портпаролката на аеродромот Хитроу изјави дека полицијата работи на спречување каква било закана за оперативната безбедност.Таа посочи дека летовите се прекинати од безбедносни причини и им се извини на патниците поради непријатноста.


Лондонскиот аеродром „Гетвик“ во декември беше затворен поради дронови кои летаа над пистата. Тогаш, во период на празници, десетина илјади патници беа „заглавени“ на аеродромот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.