четврток, 12 ноември 2026
Најново

Поради земјотресот, турскиот град Нурдаг ќе биде целосно срамнет со земја и реизграден од нула

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Турскиот град Нурдаг (околу 40.000 жители) во округот Газиантеп, тешко погоден од земјотресите минатата недела, ќе биде целосно урнат и обновен“, јавија турски медиуми, цитирајќи го гувернерот на округот Шарнак, Осман Билгин.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Катастрофата е многу голема. Одлуката за градот Нурдаг ја донесовме со нашиот министер за животна средина и урбанистичко планирање Мурат Курум. Целосно го бришеме овој град, го уриваме целосно, сто проценти“, рече тој, додавајќи дека после тоа Нурдаг повторно ќе биде изграден.

Нурдаг е оддалечен само 20 километри од градот Пазарџак, што беше епицентар на првиот од серијата разорни земјотреси со интензитет до 7,7 степени во јужна Турција.

Земјотресите од 6 февруари, од 7.7 и 7.6 степени според Рихтеровата скала, сериозно погодија десет окрузи во јужна и југоисточна Турција, како и во соседна Сирија. Над 35.000 веќе се жртви на земјотресите во двете земји.

Поврзани вести