Поради коронавирусот: По 64 години компанијата го исфрла слоганот “прсти да излижеш”

Додека здравствените власти им препорачуваат на луѓето да не го допираат лицето, слоганот на “KFC”, повеќе “не звучи правилно”.
Ланецот ресторани “Kentucky Fried Chicken” привремено ќе престане да го користи долгогодишниот слоган “прсти да излижеш” или оригинално “it’s finger licking good”, бидејќи го смета за несоодветен во време на пандемијата на коронавирусот.


Имено, во тој ланец сметаат дека и на тој начин треба да се даде придонесе во борбата со пандемијата, во која личната хигиена станала приоритет, пренесува “Reuters”.
Во ерата на маски за лице и постојано миење на раце, додека здравствените власти им препорачуваат да не го допираат своето лице, од “KFC” сметаат дека нивниот слоган “веќе не звучи правилно”.
Слоган кој Џем Брендс, сопственик на ланецот, го користел 64 години, ќе биде повлечен во понеделник ширум светот и ќе се користи повторно кога ќе дојде време за тоа, соопштила компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.