Поради магла намалена видливост на Стража, Маврово и Шапка, сообраќајот вечерва по влажни коловози

Поради појава на магла вечерва видливоста е намалена од 50 до 60 м на патните правци низ Стража, Маврово и Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби, соопштија од ЈП Македонијапат.


На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.