Поради магла откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром

Поради магла и намалена видливост откажани се или пренасочени дел од летовите до и од Скопје, потврдија од М-НАВ за МИА.
Од аеродромот „Скопје” попладнево се пренасочени три лета. Едниот авион кој од Цирих требаше да слета во Скопје е пренасочен кон аеродромот во Приштина, а другиот од Варшава е пренасочен кон Отопени. Кон Приштина бил пренасочен и летот на Визер од Мемингем. Откажан е и лет од Истанбул, кој бил закажан за 19:45 часот.


Последниот авион од скопскиот аеродром полетал во 15:47, а летал до Белград, покажува информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје”. Откажано е и полетувањто за Варшава, закажано за 17:05, а откажан е и летот за Истанбул, кој бил предвиден за 20:40 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.