Покрај традиционалните причини за развод како неверство или зависност од алкохол, дрога и коцкање, се појави нова причина, компјутерската игра Fortnite.
Играта која е прогласена за најзаразната дигитална игра некогаш сè повеќе се споменува како причина за развод, пренесува компанијата Divorce Online, која ги овозможува сите услуги за бракоразводните процедури.
Од јануари оваа година поднесени се 200 барања за развод во кои како главна причина за распаѓање на бракот се наведува Fortnite и други онлајн игри.
“Зависност од дрога, алкохол и коцкање често се наведуваат како причина за распаѓање на бракот, но дигиталната револуција донесе нов вид на зависност. Тие вклучуваат онлајн порнограија, онлајн гејминг и социјални мрежи, па не е ни чудно што сè повеќе луѓе имаат проблеми со емоционалните врски поради своите дигитални зависности”, рекол гласноговорникот на компанијата.
“Овие бројки претставуваат 5% од 4.665 барања за развод кои ги добивме од почетокот на годината”, додава тој.