Поради ова жените спијат три часа помалку од мажите и се „мртви“ изморени

Кога ‘рчењето на партнерот ќе се спои со грижата за децата, жените мошне малку време поминуваат ноќе одморајќи се. Просечна жена спие три часа помалку од својот партнер речиси секоја ноќ. Тоа изнесува 1.095 часа годишно, а дури 73 отсто жени изјавиле дека се чувствуваат изморено или на работ на силите.
Жените признале дека најмногу ги буди и им пречи тоа што нивниот партнер ‘рчи. Другите жени рекле дека спијат помалку, бидејќи од нив се очекува да ја преземат грижата за детето кое плаче.
Во истражувањето биле следени навиките во спиењето кај 2.000 двојки. Половина од жените чувствувале константен замор и биле ненаспиени, додека една третина истакнуваат дека сонот им е испрекинат речиси секоја вечер. Во споредба со нив, двајца од 10 мажи рекле дека имаат проблеми со спиењето.


Најголема причина за губитокот на сонот кај жените е ‘рчењето на нивниот партнер.
Речиси една четвртина од испитаничките рекле дека ноќе ги буди ‘рчењето на партнерот, додека од нив 14 отсто за тоа ги обвинуваат децата кои се будат ноќе. Во некои случаи, жените рекле дека нивните партнери без проблем продолжуваат да спијат иако тие се будни и стануваат од креветот.
Зачестеното лошо спиење предизвикува сериозни медицински нарушувања вклучувајќи ги дебелината, срцевите болести и дијабетесот. За да го избегнете тоа, мора да спиете најмалку осум часа дневно, иако некому потребни му се и помалку. Откријте колку часа сон ви се потребни за да се чувствувате добро и немојте да се будите додека толку часа не отспиете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.