Поради пандемијата во Хелсинки ќе се воведат построги мерки

Градоначалникот на главниот град на Финска, Хелсинки, Јан Вапавуори денеска најави построги мерки поради пораст на бројот на заразени со Ковид-19.
Тој наведе дека ќе се затворат средните училишта, библиотеките и базени, а целосно ќе се забранат јавниоте собири поради „загрижувачката“ ситуација со новиот коронавирус.
– Предлагаме да се применат сите мерки што се во надлежност на градските власти бидејќи се заканува опасност од преоптовареност на здравствената служба, истакна Вапавуори.
Тој додаде оти до крајот на неделата ќе се знае кои рестрикции ќе стапат во сила.
– Ширењето на епидемијата во повеќе домови за стари лица и засилништа за бездомниците во последните денови сведоќат затоа дека се потребни построги мерки, посочи Вапавуори, додавајќи оти жали поради тоа што поголем број луѓе не се придржуваатдо препораките на здравствените власти.
Градската власт засега издаде препорака заограничување на приватните собири во затворен простор и носење на маски во одредени прилики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.