Поради “смртоносен бакнеж” дете заврши во болница: Животот му бил загрозен поради она што го прават речиси сите родители

Родителите на едно дете забележале црвени точки на неговото лице, гради и рацете за кои се покажа дека е опасен херпес. Малото дете помина 4 дена во болница откако му беше дијагностицирано дека добил херпес од така наречениот “смртоносен бакнеж”.
Неговата мајка Лорна Хој (27) од Сталфорд тврди дека докторите дури два пати им рекле дека нивните причини за грижа се неосновани.
“Дури третиот доктор сериозно ја сфати нашата загриженост”, рекла таа.
Како што покажа резултатот од тестирањето, малото дете беше позитивно на херпес симплекс вирусот, за кој докторите тврдат дека се пренесува преку бакнеж на веќе заразен возрасен човек поради што морало да помине 4 дена во болница примајќи лекови директно во вената.
Мајката на четири деца одлучи да го сподели своето искуство со останатите родители за да ја подигне свеста за херпесот симплекс кој доколку не се лекува брзо и навремено може да биде фатален.


“Бакнувањето деца во уста и делењето прибор за јадење е класичен пример за пренесување на херпес, бидејќи се шири со плунката. Никогаш не мислев дека такво нешто може да му се случи на моето семејство”, рекла таа.


Кога биле забележани црвените дамки по целото лице и тело на детето, докторите не се посомневаа дека станува збор за херпес. Имало чирови во устата и биле потребни силни инекции кои требале да ги спречат инфекциите да преминат на очите, бидејќи во тој случај би можело да остане слепо.
Херпесот може да биде многу опасен кај новороденчињата, бидејќи имунитетот не им е доволно силен за да се изборат со вирусот. Мала е веројатноста дека поголемите деца се соочуваат со сериозни и смртоносни компликации, бидејќи нивниот имун систем е малку посилен.
Херпесот е вирус кој е предизвикан од чирови кои најчесто се појавуваат на устата или гениталиите. Симптомите се јавуваат само во еден од 3 случаеви, а кај половина од младите луѓе кои се заразени со вирусот им се јавуваат чирови околу усните.
Чировите на усните најчесто се пренесуваат со бакнеж од заразен човек, а на почеток тие се пликови кои пред да пукнат оставаат црвенило зад себе и болно подрачје.

Пронајдете не на следниве мрежи: