Поради тепачка приведени се синовите на Мијалкови

Помеѓу приведените се синот на Сашо Мијалков и синот на неговиот брат Влатко Мијалков.

Денеска во полициска станица во Скопје се приведени и се осомничени за учество во тепачка и физички напад врз 19-годишно момче во кафе бар во Дебар Маало синојка.

Повреденото лице денеска го пријавило во полициска станица настанот.

„Ноќеска во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на синоќа околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е Jавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – пишува во полицискиот билтен.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.