Поразително: Само 43% од граѓаните имаат целосна доверба во здравствените работници

Најновото истражување на Институтот за демократија, човекови права и дигнитет покажува дека само 43 отсто од македонските граѓани имаат целосна доверба во здравствените работници.

Спротивно на таа бројка, мнозинството граѓани односно 57 отсто се изјасниле дека во здравствените работници немаат целосна доверба.

Поразително: Само 43% од граѓаните имаат целосна доверба во здравствените работници

Добиените информации загрижуваат, со оглед на последните случувања во здравствените установи ширум државата.

Институтот за демократија, човекови права и дигнитет го спроведе ова истражување во период од 5 до 10 септември, оваа година.

Во истражувачкиот процес учествуваа вкупно 2.000 граѓани.

Истражувањето беше спроведено на територија на Македонија, со маргина на грешка до 2 отсто.

Институтот за демократија, човекови права и дигнитет е независна европска организација, која спроведува застапувања и истражувања од широк опсег на општествени области.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.