Македонската репрезентација за играчи до 21 година забележа пораз во денешниот тест-натпревар со Белорусија. Белорускиот тим беше подобар на теренот во Анталија и заслужено ја обезбеди победата. Во текот на првото полувреме домаќините водеа со 1:0, додека во продолжението зголемија на 3:0. Единствениот погодок за момците на Македонија го постигна Кире Стојанов при крајот на средбата. Тимот на Горан Станиќ на 25 март ќе се соочи со Азербејџан во нов натпревар, кој е закажан за 18:00 часот.
The post Пораз на младата фудбалска репрезентација на контролната средба во Анталија appeared first on 365.mk.