Во средата на Волстрит индексот S&P 500 порасна по три дена лизгање надуло, бидејќи инвеститорите ги охрабри пораката од американската централна бакна Federal Reserve (Fed), дека и натаму ќе ја поддржува економијата со монетарни мерки.Така во средата индексот Dow Jones зајакна за 0,39 отсто, на 14.546 поени, индексот S&P 500, пак, порасна за 0,67 отсто, на 1.558 поени, а индексот Nasdaq скокна за 0,78 проценти, на 3,.254 индексни поени.По дводневната седница, челниците на Fed во средата порачаа дека ќе продолжат со програмата за откуп на државните хипотекарни обврзници во вредност од 85 милијарди американски долари месечно, бидејќи невработеноста во САД сé уште е на високо ниво.Иако централната банка на САД порача и дека ќе ги следи можните ризици од водењето на таквите политики, нејзиното соопштение ги охрабри инвеститорите, бидејќи тоа значи дека Fed, и покрај спротиставувањето на неговите функционери, и натаму ќе води политика на рекордно ниски каматни стапки и печатење свежи пари за да го поттикне кредитирањето и растот на стопанството.Поради тоа, кипарските финансиски проблеми во средата паднаа во втор план на американските берзи. Откако парламентот во Никозија го одби спорниот предлог на еврозоната и ММФ за оданочување на банкарските депозити, продолжени се преговорите за условите за добивањето странска финансиска помош за да најмалата членка на ЕУ може да го доби пакетот од 10 милијарди евра за да го избегне банкротот.Иако станува збор за мала земја чијшто вкупен проблем изнесува 18 милијарди евра, инвеститорите стравуваат дека колапсот на тамошниот банкарски систем кој е неколкупати поголем од стопанството, би можел да предизвика раст на каматите на обврзниците на презадолжените членки на еврозоната и така да ја продлабочи рецесијата во зоната на европската монетарна унија.Сепак, загриженоста на инвеститорите на пазарите во САД спласна. Откако првите два дена оваа седмица скокна за околу 25 отсто, во средата VIX ткн индекс на стравот на берзата на опции во Чикаго, падна за 12 проценти, што покажува дека инвеститорите помалку ги осигуруваат своите портфељи од можното натамошно паѓање на цените на акциите.
Макфакс
Во средата на Волстрит индексот S&P 500 порасна по три дена лизгање надуло, бидејќи инвеститорите ги охрабри порак