Поранешен британски министер беше уапсен под сомнение дека му дал доверливи информации на Епштајн

Поранешниот британски министер за финансии, Питер Манделсон, е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, откако беше објавено дека е осомничен за доставување доверливи британски владини меморандуми до осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Откако беа откриени неговите врски со Епштајн, британскиот премиер Кир Стармер побара од министерката за надворешни работи Ивет Купер да го повлече од функцијата амбасадор во Соединетите Држави.

Лондонската метрополитенска полиција овој месец започна кривична истрага против поранешниот министер откако лондонската полиција доби голем број жалби.

„Полицијата уапси 72-годишен маж под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Тој беше уапсен на адреса во Камден и однесен во полициска станица во Лондон на испрашување“, се вели во соопштението на полицијата.

Манделсон негираше какво било кривично дело. Тој поднесе оставка од Домот на лордовите истиот ден кога се прошири веста за полициската истрага.

Тој ја задржа својата титула, но владата размислува итно да донесе закон со кој ќе му се одземе доживотната титула благородник.

Најновата транша од таканаречените досиеја на Епштајн, објавени во јануари од страна на Министерството за правда на САД, покажа дека Манделсон, додека бил и британски министер за финансии, му доставувал владини информации на осудениот сексуален престапник во 2009 и 2010 година.

Ова вклучуваше детали за пакетот за спасување од ЕУ од 500 милијарди евра и меморандум од Даунинг стрит во кој беа наведени плановите за продажба на средства во вредност од 20 милијарди фунти и даночни промени.

„Фајненшл тајмс“ исто така откри дека во 2010 година, додека бил министер, Манделсон лобирал кај американската влада во име на Епштајн и Џес Стејли од „Џеј Пи Морган“, користејќи ги нивните аргументи за реформи на финансиската криза во банкарската регулатива во разговорите со американските претставници.
The post Поранешен британски министер беше уапсен под сомнение дека му дал доверливи информации на Епштајн appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: