Поранешен израелски шпион тврди: Израел ќе ја води својата следна војна против Турција и Египет

Џонатан Полард, државјанин на Соединетите Американски Држави кој работел како шпион за Израел, зборуваше во подкаст за израелскиот весник „Аруц Шева“ за иднината на односите на Блискиот Исток и го изрази својот став за потенцијалните конфликти во овој регион.

Зборувајќи за прашањето за Голанската Висорамнина, која моментално е окупирана од Израел, Полард рече дека доколку Сирија почне да ја враќа својата територија, Турција ќе дојде до границите на Израел.

„Не сум сигурен дека ќе имаме толку лесна работа со Турците како што имавме со Иран. Ја следам турската воена доктрина и ситуацијата на Блискиот Исток. Бурата доаѓа“, рече Полард.

Потоа тој истакна дека посебен проблем е фактот што Турција е членка на НАТО и дека Израел мора „итно да го реши проблемот со Иран и Хезболах“.

„Зошто сум опседнат со ова сега? Затоа што мора да се подготвиме за следната војна, која веројатно ќе биде против Турција и Египет. Се надевам дека нема да дојде до тоа, но мора да се запомни дека тоа беше последниот демон од Пандорината кутија, и за тоа има причина“, рече тој во овој подкаст.

Полард беше осуден на доживотен затвор во 1987 година за кражба на американски разузнавачки податоци од Израел. Сепак, по децении интензивен притисок од Израел и произраелските групи во САД, Полард беше ослободен од затвор во 2015 година.

Тој живее во Израел од 2020 година, а во оваа земја пристигна со приватен авион во сопственост на семејството Аделсон, кое е значаен донатор на кампањите на американскиот претседател Доналд Трамп. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пречека во Тел Авив.

Претходната година имаше скандал кога американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, го угости Полард во просториите на оваа амбасада, иако станува збор за лице кое беше осудено за продажба на американски податоци.

Полард се кандидираше и на претстојните парламентарни избори во Израел, а неговата политичка платформа е центрирана околу идејата за преселување на Палестинците од Газа во Ирска.
The post Поранешен израелски шпион тврди: Израел ќе ја води својата следна војна против Турција и Египет appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: