„Поранешниот руски воен пилот Максим Кузминов, кој пребегна во Украина, е убиен во Шпанија“, пишува весникот „Украинскаја правда“.
„Информацијата ја потврди главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана во Киев. Она што можеме да го кажеме во оваа фаза е следното: Тој одлучил да се пресели во Шпанија. Пред извесно време мажот и неговата поранешна сопруга живееле заедно во западноевропската земја.Неодамна Кузминов беше пронајден застрелан во неговиот стан“, се додава во изданието.
„Недалеку од местото на злосторството пронајден е опожарен автомобил. Најверојатно автомобилот го користеле убијците на Кузминов“, пишуваат и медиумите.
Во септември 2032 година, пилотот ја прелета линијата на фронтот и и предаде хеликоптер Ми-8 на Украина. Тој беше награден од властите во Киев.