Лионел Меси го оствари сонот како капитен на Аргентина на Светското првенство во Катар со победата над Франција.
На доделувањето на медалите и пехарите видовме интересна сцена, кога емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, го обви со црна мантија, заобиколувајќи ги сите протоколи.
За оваа облека, која се нарекува бишта, се зборуваше и во англиските медиуми, а Лео беше нападнат од поранешниот соиграч Пабло Забалета.
– Зошто го направи тоа? Нема причина за тоа… – изјави поранешниот десен бек кој изгледа мисли дека Меси имал таен договор со емирот.