Поранешната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими, самата преку социјалната мрежа фејсбук се пофали дека станала директорка на АД Аеродроми, заблагодарувајќи и се на нејзината партија СДСМ што ја кандидирала.
„Ја споделувам со вас веста за именувањето на генерален директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“ на РM.
- КОМАНДАНT НА ВОЈСКАТА НА ИЗРАЕЛ: Израел ќе му одговори на Иран, можеме да нападнеме каде било на Блискиот Исток
- Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК, објавен оглас за избор на двајца нови членови
- Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција
- Падна приватна Банка на Америка!
- Голем пожар во зграда во Чаир, евакуирани повеќе од 60 на станари, има повредени
- УШТЕ НЕ Е ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО ЧАИР – Во подрумите на зградата има запаливи материјали
- Иранскиот претседател: Ако ционистите не ги запрат злосторствата ги чекаат пожестоки реакции
- Муртезани: Северна Македонија има направено значителен напредок во усогласувањето на својот статистички систем со стандардите на ЕУ
- ОБВИНИТЕЛСТВО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска е пристигнат и се проучува
И благодарам на партијата СДСМ за укажаната доверба да раководам со оваа институција. Ќе работиме и ќе се фокусираме на интегрирање и склопување на системите на оваа институција со фокус на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници, како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата генерално!“, напиша Халими на фејсбук.
Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври, на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија.
Пред една година Халими се вработи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал. Тогаш медиумите реагираа дека таа го нема потребниот степен на образование за да конкурира за такво работно место.
Имено, таа имала завршено средно медицинско училиште.
До Надзорниот одбор на „АД Аеродроми“ пристигнала препорака без образложување дека Ангеловски треба да се разраши и да се назначи Халими.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.