Ана Севиќ стравува дека момците кои го претепаа нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ поради долг од 50.000 евра би можеле да ја грабнат нивната ќерка Лорена.
-Штом слушна дека Дарко крвнички е претепан, се исплаши дека некој може да им наштети на нивната четригодишна ќерка. Во паника е дека поради долгот на Лазиќ, би можеле да ја нападнат Лорена или дури и да ја грабнат. Ана никако не може да се смири, навечер не спие и постојано размислува за тоа. Посебно ја плаши дека Лазиќ би можел повторно да го нападнат пред ќерката, па и неа да ја повредат-вели добро информиран извор.
Според извор близок на пејачката, Ана после инцидентот веднаш му се јавила на Дарко да провери дали е добро.
-Му рекла дека стравува за Лорена, а тој ја убедувал дека се ќе реши и дека на секој начин ќе го заштити девојчето. И Дарко е потресен и исплашен за својот живот, така што се договориле малечката престојниот период да остане со мајка и.
Лазиќ беше брутално нападнат и истепан во средата навечер.