ПОРАНЕШНАТА УЧЕСНИЧКА ВО РИЈАЛИТИ БОЛЕДУВА ОД НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ Дијагнозата ја открила случајно, а животот и се свртел за 180 степени

Учесничката во реалното шоу Надежда Биљиќ боледува од неизлечива болест.Надежда Биљиќ, пејачка и учесничка на реалити ТВ, откри дека има здравствен проблем поради кој целосно го променила животот.Во една прилика открила дека боледува од неизлечива болест, а тоа е дијабетес, односно висок шеќер во крвта. Таа дијагноза во голема мера влијаела на нејзиниот секојдневен живот.– Во последно време често се јавува овој проблем кај луѓето, имам дијабетес тип еден, живеам на инсулин, воопшто не е лесно.  Не е лесно во смисла дека треба да го превртам мојот триесетгодишен живот, да почнам да појадувам, а никогаш не сум го појадувала, да го оставам слаткото што најмногу го сакам на светот – рече Надежда и додаде:– Самото чувство кога земам инсулин за да се боцнам не е воопшто пријатно, всушност дијабетесот не е болест, тоа е состојба на телото и живееш со него, а ако се грижиш можеш да доживееш длабока старост. За жал, јас и брат ми имаме ист вид шеќер, многу ми беше тешко, тоа го дознав по породувањето. Тоа се случи за време на бременоста, гестациски дијабетес , така се нарекува, често се јавува кај жени за време на бременоста. На самата граница е, па кога ќе се породи жената таа е на диета и после тоа е регулирано, но не беше регулирано во мојот случај. Кога излегов од „Народен фронт“, бидејќи предвреме се породив со итен царски рез, првпат во животот имав висок крвен притисок, каков што до сега никогаш не сум го имала, ниту пак сум внимавала, бидејќи дијабетесот беше проблем цело време.Рекла дека за дијагнозата дознала случајно.– Го влечев месец и половина, се чувствував чудно, а среќата на несреќата е што брат ми е дијабетичар па имаше апарат, па си го измерив шеќерот и се боцнав два-три пати и помисливме дека апаратот ми се расипа бидејќи имав шеќер 29,8. Имав боцкање 4, 5 пати на ден, а сега е малку подобро – изјави своевремено Биљиќ во емисијата „Гранд Магазин“.

Пронајдете не на следниве мрежи: