Поранешна ескорт дама која работела за високата класа вели дека оваа професија ја довела во контакт со мажи од сите сфери на животот, па вели дека знае зошто мажите изневеруваат.
Шест години работела како ескорт дама под името Саманта X. Тврди дека мажите кои одлучуваат да изневерат ќе најдат време за тоа без разлика колку им е преполн распоредот, вели таа за Mirror.
Саманта вели дека без разлика на тоа колку нечиј брак изгледа како силен и совршен семеен живот, мажите сè уште може да скршнат од патот. Таа вели дека ескорт индустријата никогаш не доживеала криза.
Според нејзиното искуство со оженети мажи, нивните причини за неверство спаѓаат во три категории.
Прва категорија се мажите кои имаат нулта блискост со сопругата, понекогаш и со години. Се чувствуваат како „кредитни картички кои одат“, но одбиваат да се разведат бидејќи не сакаат да ги изгубат парите или да ги повредат децата.
Потоа се оние кои велат дека си ја сакаат жената, но признаваат дека сакаат да пробаат и нешто друго бидејќи сакаат нешто поразлично.
View this post on Instagram
What do men want in bed…? Not what you think.. News.com.au #men #sex #intimacy #relationships
Третата категорија е најсложена, тоа се мажи кои се среќни во бракот и кои на прв погледа немаат никаква причина за неверство. Саманта вели дека таквите мажи се одлучуваат за средби со сексуални работнички бидејќи не сакаат да се впуштат во афера која би им донела проблеми. Се трудат да не ги фатат на дело бидејќи не сакаат да си го уништат бракот или да ја повредат партнерката.
Исто така, Саманта истакнува дека најверојатно нивните сопруги знаат за неверствата, но затвораат очи пред вистината бидејќи не сакаат да се соочат со нов почеток во животот.