Поранешна проститутка открива кои професии се најдобри во кревет: Водоинсталатерите обожуваат да се галат, а овие мажи се особено издржливи

4-годишната Аманда Гоф шест години се занимавала со елитна проституција, а уметничкото име ѝ било Саманта Икс.
Таа вели дека, како и повеќето ескорт дами, не ги делела клиентите на “убави или грди”, туку го “гледала нивното срце и душа кои се криеле под нивната надворешност”. Оваа самохрана мајка тврди дека во текот на повеќегодишното искуство успеала да предвиди каков ќе биде мажот според неговата професија.
Полицајци
“Полицајците се жилави, смешни и приземни, но сексот е прилично брз и секогаш се уморни. Знаеја да ми ветат дека еден ден ќе се појават кај мене во униформа, но никогаш не го прават тоа бидејќи се плашат да бидат фатени”, вели Аманда.


Адвокати
“Адвокатите се склони кон настран секс полн со возбуда. Добро зборуваат и секогаш убаво се облекуваат, но по малку се психопати”.
Лекари/хирурзи
“Тие имаат “комплекс на Бог” и многу од нив многу брзо се заљубуваат. Имаат одлични приказни и добра предигра бидејќи добро го познаваат човековото тело”.
Банкари
“Со нив сексот е обично лош поради бројните пијалаци кои тие ги консумираат пред тоа. Исти се како и адвокатите, освен што на банкарите им недостасува шарм и хумор. Имаат големо его и често се во долгови”, вели Гоф.
Сметководители
“Тие сакаат да го зачинат својот инаку здодевен сексуален живот, па често ангажираат повеќе ескорт дами одеднаш. Симпатични се и поскромни од адвокатите и никогаш нема да ги наведете на разговор за данок”.


ИТ експерти
“Тоа се најчестите клиенти. Ако барате маж кој е добар со своите раце, тие се мојата препорака. Не ги прашувајте за нивната работа бидејќи постои ризик навистина опширно да почнат да ви зборуваат. Тие сакаат предигра, галење и добро мирисаат”.
Градежници и водоинсталатери
“Сакаат да се галат во спалната соба и не можам да поверувам колку се секси во своите работнички одела. Искрени се, а сретнував само самци бидејќи мажите со тие професии не се склони кон неверство. Често не остануваа долго, знаеја премногу да се возбудат штом ќе ме видеа гола и вложуваа голем труд околу предиграта”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.