Британскиот премиер Риши Сунак денеска го назначи Дејвид Камерон за министер за надворешни работи на местото на Џејмс Клеверли, кој сега е на чело на Министерството за внатрешни работи по разрешувањето на Суела Браверман.
- Циклонот Борис – катастрофа од епски размери: Две причини зошто е толку разорен!
- Силјановска Давкова именува тројца членови на Советот за безбедност
- Најмалку 15 шумски пожари горат во Португалија, владата бара помош од Европа
- Силикони, задникот во танга пред експлозија! Напумпана од глава до пети предизвика лавина коментари
- (Видео) Жена бара помош на покривот од поплавена зграда
Министерот на финансии Џереми Хант ја задржува својата функција.
Сунак ја отстрани Браверман откако ја обвини британската полиција дека е премногу мека кон пропалестинските демонстранти.
Разрешувањето на министерката за внатрешни работи е дел од пошироката промена во британската влада.
Владејачката Конзервативна партија објасни во изјавата цитирана од ДПА дека целта на Сунак е да го зајакне својот тим „за да постигне долгорочни решенија за посветла иднина“
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.