Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски на социјалните мрежи пишува дека во непосредна близина на Спортскиот центар Јане Сандански и Паркот на езерата, во 2015 година почна изградбата на Руската црква Св. Троица.
Како што објаснува, оваа црква според одобрението за градба е предвидено да има и капела Св. Георги Победоносец, во чест на паднатите борци и што е многу важно, било планирано да има и кујна за бездомни лица.
„Но, за жал, црквата остана недоградена и претставува лоша слика за овој дел од Аеродром, кој е многу посетуван и од домашни и од странски гости поради Спортскиот центар и Паркот на езерата. Ова запуштено место претставува и опасност при движењето, посебно во вечерните часови“, вели тој.

