Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора осуден за шверц на цигари

Поранешниот директор на Полициската управа на Црна Гора, Славко Стојановиќ, е осуден на единствена казна затвор од три години и осум месеци за шверц на цигари и недозволено поседување оружје, јавија црногорските медиуми.

Станува збор за првостепена пресуда против која има право на жалба.

Судот му ја укина забраната на Стојановиќ за напуштање на станот, но ја замени со нова мерка секој месец да се јавува во полиција во Подгорица на 1 и 15. Судот изрече забрана за напуштање на Подгорица.

Стојановиќ на судењето признал дека на покана на неговиот пријател, му рекол на тогашниот помошник Енес Баковиќ да пушти камион со околу 120 кутии цигари, но дека не кажал кој е тој пријател што го прашал.

Пронајдете не на следниве мрежи: