Поранешниот фудбалер на Челси, Кристијан Атсу за кој дел од турските медиуми објавија дека загинал во урнатините од земјотресот, е пронајден жив.
Новите информации од Турција велат дека Кристијан Атсу е пронајден жив во урнатините од земјотресот. Тој е пренесен во болница, имал отежнато дишење и повреда на десното стопало.
„Во контакт сум со менаџментот на Кристијан Атсу. Негов соиграч им потврдил дека фудбалерот
е најден и однесен во болница“, потврди новинарот од Гана, Садик Адамс.
Атсу синоќа постигна гол за Хатајспор во победата над Касимпаша, а утрово по земјотресот тој не беше достапен на мобилниот телефон по што стана јасно дека е под урнатините.