Кајли Џенер и Тимоти Шаламет беа во центарот на вниманието на премиерата на „Marty Supreme“ во Лос Анџелес благодарение на нивните усогласени комбинации во светло портокалова боја.
Двојката се појави на премиерата на филмот во Лос Анџелес во усогласени, рачно изработени парчиња од модната куќа Chrome Hearts, во светло портокалова боја, продолжувајќи го трендот на координирани стилови што ги избираат за заеднички јавни појавувања.
Тимоти носеше портокалово кожно одело, со сатенска кошула и соодветни чизми, а како додаток носеше црна чанта Chrome Hearts префрлена преку рамо.
Кајли блескаше во портокалова фустан долг до подот со триаголни исечоци под градите и на половината, како и длабок V-изрез украсен со украс во форма на крст – кој исто така одговараше на накитот што го носеше. На нозете имаше портокалови шилести потпетици.
Нејзината шминка и нокти се вклопуваа со облеката: светло портокалови нокти, руменило во портокалова нијанса, розова и портокалова шминка за очи и мат голи усни.
Премиерата беше нивното второ заедничко појавување на црвениот тепих, првото беше во мај на 70-тото доделување на наградите „Давид ди Донатело“ во Рим.
Двојката неодамна беше предмет на гласини, а „Дејли меил“ објави тврдења од извори дека нивната врска завршила. Сепак, тие ги демантираа со појавувањето на црвениот тепих во Лос Анџелес.
Пронајдете не на следниве мрежи:


