Портпаролот на Путин: Појавата на неонацизмот е реална

Појавата на неонацизмот во Европа денес е реална, многу Европејци го разбираат ова, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Малку е веројатно дека прославата (на Денот на победата) може да стане пресвртница. За жал, појавата на неонацизмот во Европа е сосема реална, а самите Европејци го разбираат тоа. Многумина во Европа сосема оправдано се плашат од тоа“, изјави Песков пред новинарите.

Тој додаде дека борбата против неонацизмот не треба да биде еднократен настан, туку константа во работата на сите нивоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: