Челниците на Рома се ептен загрижени за иднината за тренерот Жозе Мурињо, откако од португалската федерација најавија жестока офанзива за да го убедат „Специјалниот“ да ја презеде селекторската фудбалскија во репрезентацијата на Португалија.
Португалците се разделија со Фернандо Сантош по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, па го насочија фокусот кон Мурињо и веруваат дека можат да го доведат од „Олимпико“. Жозе има договор со Рома до 2024 година и секогаш бил дециден дека има намера да го исполни, иако во меѓувреме за него имаше интерес од неколку англиски клубови.
Но, Мурињо отсекогаш сонувал да ја води репрезентацијата на својата земја и ќе му биде многу потешко да одбие таква можност, која можеби нема да ја добие вторпат во кариерата.