„Порше“ го запира производството на дизел возила

Неколку месеци по апсењето на генералниот менаџер на „Порше“ за Германија, под обвинение за фалсификување на резултатите од тестови за емисија на штетни материи од дизел моторите, компанијата соопшти дека го запира производството на дизел возила.
Само 12 отсто од светската продажба лани отпаѓаше на дизел автомобили, а последниот „Порше“ го има продадено во февруари. На сметка на тоа пак, расте побарувачката за електрични и хибридни возила.


– Поради тоа, компанијата одлучи повеќе да не нуди возила на дизел погон во иднина, се вели во соопштението.
„Порше“, при тоа, го најави и својот прв целосно електричен модел „Тајкан“, кој премиерата ќе ја има наредната 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.